Манчестер сити официјално надвор од Суперлигата, честитки од Чеферин

Манчестер сити официјално надвор од Суперлигата, честитки од Чеферин

пред 4 години

Манчестер сити со неверојатно кратко соопштение потврдија дека се повлекуваат од проектот за Европската Суперлига, оставајќи ја групата од 12 клуба кои направија „земјотрес“ во светскиот фудбал.

„Манчестер сити потврдува дека формално ја почна процедурата за повлекување од групата која развива планови за Европската Суперлига“, се сите зборови во соопштението на Манчестер сити.

Се очекува наскоро и Челси да го потврди ова повлекување, а шпекулациите велат дека блиску до ваква одлука се и Манчестер јунајтед, Тотенхем во Англија, но и Барселона и Атлетико Мадрид во Шпанија. Од друга страна фудбалерите на Ливерпул јавно се спротиставија на проектот, исто како и нивниот тренер Јирген Клоп.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин веднаш им честиташе на Сити за одлуката.

„Пресреќен сум што можам да им посакам ново добредојде на Манчестер сити во европското фудбалско семејство. Тие покажаа голема интелигенција. Сити се вистински тим за спортот и пресреќен сум што ќе работиме заедно за подобра иднина“, изјави Чеферин.

Share
Scroll to Top