Манчестер јунајтед му дадоа нов „долгогодишен“ договор на тинејџерот Ханибал Межбри, откако Французинот со тунижанско потекло импресионираше во У-23 тимот на „ѓаволите“.
18-годишниот Межбри пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако во 2019 година и настапува за У-23 тимот на Нил Вуд во Премиер лига 2, а го импресионираше доволно менаџерот Оле Гунар Солскјер да го повика на тренинзи со првиот тим на стартот на сезоната заедно со Шола Шортајр, уште еден „продукт“ на академијата кој доби долгогодишен договор со Јунајтед.