Манчестер јунајтед ќе му ја дуплира плата на Бруно Фернандеш

Манчестер јунајтед ќе му ја дуплира плата на Бруно Фернандеш

пред 3 години

Бруно Фернандеш за нецела година во Манчестер јунајтед се профилираше во главен играч во тимот. Откако пристигна во Јунајтед тој е најдобар стрелец во тимот, а според бројот на асистенции е еден од најуспешните играчи во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед за Португалецот подготвиле нов договор, актуелниот му истекува во 2024 година. Фернандеш ќе го продолжи договорот до 2025 година, а платата ќе му биде дуплирана.

Со актуелниот договор Бруно Фернандеш заработува 110.000 фунти неделно. Иста неделна палата како Фернандеш имаа резервниот голман Дин Хендерсон, кој е иднината на клубот, но и Џеси Лингард, кој долго време не е во плановите на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Фернандеш од доаѓањето во Манчестер јунајтед постигнал 22 гола и забележал 14 асистенции на 37 одиграни натпревари.

Share
Scroll to Top