Марио Жардел: Тоа што го прави Левандовски, јас го правев подобро!

Марио Жардел: Тоа што го прави Левандовски, јас го правев подобро!

пред 4 години

Прославениот бразилски фудбалски напаѓач, Марио Жардел (47) тврди дека неговата цена на денешниот фудбалски пазар би се движела помеѓу 150 и 200 милиони евра. Се спореди со ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

„Не постои никој како мене. Влегов во историјата, јас сум единствен. Левандовски е фудбалер кој дава меѓу 45 и 60 години годишно, јас го правев тоа 6-7 години по ред“ – нескромен е Жардел.

Бразилецот од 1996 до 2000 година играше за Порто и на 175 меча постигна 170 гола. Тогаш по една сезона играше во Галатасарај и Спортинг Лисабон, по што следуваше пад во кариерата. Со фудбалот заврши во бразилскиот нисколигаш Рио Негро.

За „Кариоките“ одигра само 10 меча и постигна 1 гол.

Share
Scroll to Top