Марка: Состојбата во Реал е алармантна

Марка: Состојбата во Реал е алармантна

пред 4 години

Поразот на Реал во Мадрид од Кадиз (0:1) се уште е тема во водечките шпански медиуми. Бранителите на титулата одиграа лош натпревар, го забележаа првиот пораз во сезоната и си направија лоша увертира пред дуелот со Барселона.

„Марка“ најчитаниот спортски медиум во Шпанија, за кој се вели дека е гласило на Реал, жестокот „удри“ по тренерот Зинедин Зидан и неговите фудбалери.

„Состојбата во Реал е алармантна. Зидан и фудбалерите имаа состанок пред вчерашниот тренинг. Фудбалерите биле самокритични, не барале никакви оправдувања за лошата игра. Апелирале на заедништво и борбеност, а најмногу се разговарало за ставот со кој влегле и играле против Кадиз. Играчите биле свесни дека ова не е добро пред дуелот со Барселона и стартот на сезоната во Лигата на шампионите“, пишува денешниот текст на весникот чии наслов е „Алармантна состојба“.

„АС“ пишува дека толку лош Реал не бил никогаш во својата богата историја.

„Против Кадиз играчите на Реал беа присутни со телото, но отсутни со духот. Неверојатно е колку играчите на Реал го потценија Кадиз. На крајот добро и поминаа со пораз од 1:0. Реал игра секогаш лошо во вакви натпревари, но со поддршка на навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ знае да го скрши противникот. Крос не успеа да ја поврзе играта, Начо и Лукас Васкез не беа опасни, Винисусиус не можеше да го најде просторот за трка по теренот, Марсело го имаше но стоеше, а Бензема доцна почна да игра. Оваа катастрофа ги надмина сите тактички замисли и уште некои други фудбалски причини“, пишува новинарот на „АС“.

Реал во среда ќе го пречека Шахтјор во Лигата на шампионите, а во во сабота ќе гостува кај Барселона во Ла Лига.

Share
Scroll to Top