Марко Верати вторпат доби КОВИД-19!

Марко Верати вторпат доби КОВИД-19!

пред 4 години

Италијанскиот фудбалер од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати ќе го пропушти дуелот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, откако вторпат оваа фудбалска сезона добил позитивен тест на КОВИД-19.

Верати бил позитивен на тестирањето направено во Париз во петокот, и нема да биде дел од тимот кој ќе гостува на „Алијанц арената“ на 7 април, туку ќе оди во 10-дневна изолација. 28-годишниот Верати исто така ќе го пропушти дербито со Лил во сабота.

Италијанецот претходно беше позитивен на КОВИД-19 пред мечот со Лориен на 31 јануари, пропуштајќи два меча, но правејќи брзо опоравување. И покрај овие здравствени проблеми, тој има 26 натпревари за ПСЖ оваа сезона, и иако нема постигнато гол, има шест асистенции.

Share
Scroll to Top