Мартин Серафимов се сели во Битола

Мартин Серафимов се сели во Битола

пред 2 часа

Ракометниот клуб Пелистер, на социјалните мрежи, го потврди трансферот на Мартин Серафимов. Македонскиот репрезентативец со клубот од Битола потпиша две годишен договор.

Серафимов, во Пелистер доаѓа од редовите на Алкалоид, каде што играше во изминатите две сезони. Договорот ќе стави во сила по завршувањето на сезоната.

„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“.

26-годиниот десен бек кариерата ја започна во Металург.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top