Матеус: Клубовите од Италија и Шпанија се без шанси во ЛШ

Матеус: Клубовите од Италија и Шпанија се без шанси во ЛШ

пред 3 години

Лотар Матеус, легендата на германскиот фудбал, по некомплетното прво коло во Лигата на шампионите, ги отпиша клубовите од Шпанија и Италија во борбата за титулата.

Матеус, кој со капитенската лента на раката ја предводеше Германија до светската титула во 1990 година, смета дека клубовите од Италија и Шпанија немаат квалитет за се натпреваруваат со англиските клубови и со ПСЖ и Баерн.

„Ниту еден шпански клуб нема потенцијал да се натпреварува со споменатите клубови. Истото важи и за клубовите од Серија А. Четири англиски тима добро се засилија, покрај нив туа е ПСЖ, тука е Баерн. Ова се моите шест фаворити во ЛШ“, рекол Матеус.

Share
Scroll to Top