Мејсон Маунт, стрелецот на вториот гол на Челси, со кој беше потврдена 2:0 победата над Реал Мадрид и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, смета дека играле толку добро што требале да ги „наполнат“ „кралевите“.
„Не можам да најдам зборови. Фантастичен натпревар вечерва. Беше многу тешко, бидејќи тие дојдоа тука да го дадат максимумот, но мислам дека требаше да им дадеме пет гола! Најважно е што победивме, бидејќи на секој натпревар одиме со желба на победа. На 1:0 знаевме дека со еден гол, ништо не е готово. Но, уште не сме завршиле ништо. Имаме две големи финалиња, во ЛШ и во ФА купот и се надеваме на титули“, вели Маунт.