Мбапе е најмладиот фудбалер со 25 гола во ЛШ, Меси врати со гол каков што ретко се гледа

Мбапе е најмладиот фудбалер со 25 гола во ЛШ, Меси врати со гол каков што ретко се гледа

пред 3 години

Надежите на Барселона дека на „Паркот на принцовите“ можат да приредат сензација и да ја надополнат негативата од 4:1 од првиот натпревар против Пари Сен-Жермен, се распаднаа, откако Килијан Мбапе од пенал во 31. минута донесе 1:0 водство за ПСЖ, пред Лео Меси да врати само седум минути подоцна.

22-годишниот Мбапе стана најмладиот фудбалер кој постигнал 25 гола во Лигата на шампионите, а интересно четири од тие гола се во дуелите со Барселона. Покрај тие 25 гола, тој има и дополнителни 16 асистенции во елитното европско клупско натпреварување.

Сепак, да не заборавиме и на „маестрото“ Лео Меси, кој веднаш одговори со спектакуларен гол од огромна далечина, кој иако не ги поставува Барса во добра ситуација, е прекрасно да се погледне неколку пати. ПСЖ комбинирано сега има 5:2 предност, откако Барса пропушти шанса да поведе кога им беше досуден пенал во 45. минута, а ударот на Меси заврши во рацете на Кејлор Навас.

Share
Scroll to Top