Мбапе: Лаги, и следната сезона ќе играм во ПСЖ

Мбапе: Лаги, и следната сезона ќе играм во ПСЖ

пред 1 година

Француската ѕвезда Килијан Мбапе се обиде да го амортизира најновиот шок што се појави во медиумите во Франција, а веднаш потоа го обиколи и целиот свет, дека напаѓачот го известил ПСЖ дека нема да го продолжи договорот.

„Ле Парисиен“ објави дека ПСЖ веќе размислува за продажба на Мбапе и дека клубот му поставил услов за нов договор или во спротивно веднаш ќе биде продаден уште ова лето.

„Лаги. Веќе реков дека и следната сезона ќе играм во ПСЖ каде што сум среќен“, објави Мбапе на социјалните мрежи.

Сепак, француските медиуми потенцираат дека и покрај неговиот став, ултиматумот на ПСЖ е поставен и разврската ќе следи во наредните десетина денови.

Share
Scroll to Top