Мбапе само трет со хет-трик на „Ноу Камп“, Меси се израмни со Раул

Мбапе само трет со хет-трик на „Ноу Камп“, Меси се израмни со Раул

пред 3 години

Килијан Мбапе ги „уништи“ Барселона со трите гола за 4:1 победата на гости на неговите ПСЖ, со што стана само третиот фудбалер во историјата кој во Лигата на шампионите им дал три гола на Блауграна.

Претходно, тоа му успеало само на легендарниот Колумбиец Фаустино Асприлја во дресост на Њукасл и на Андриј Шевченко, додека беше фудбалер на Динамо Киев, и тоа во истата година, 1997!

Од друга страна кошмарната вечер за Барса донесе нов рекорд за капитенто Лео Меси. Со голот во првото полувреме, тој се израмни со легендата на Реал Мадрид, Раул, постигнувајќи гол во елитното натпреварување 17-та сезона во низа.

Раул го постигна првиот гол во ЛШ во 1995 година како тинејџер со Реал Мадрид, и продолжи да дава голови секоја сезона до 2011, кога беше во дресот на Шалке. Ова исто така беше 20-ти гол на Меси оваа сезона во сите натпреварувања, нешто што го остварува веќе 13 сезони едноподруго.

Share
Scroll to Top