Мегваер е капитен на „ѓаволите“, но Матиќ има право да го казнува!

Мегваер е капитен на „ѓаволите“, но Матиќ има право да го казнува!

пред 4 години

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер признава дека не му било убаво кога добил казна од својот соиграч Немања Матиќ, кој е задолжен од менаџерот Оле Гунар Солскјер да ги „средува“ дисциплински своите соиграчи.

Искусниот српски фудбалер од средниот ред има направено листа на правила кои сите мораат да ги почитуваат на тренинзите и секое прекршување носи финансиска казна. Мегваер, кој дојде на „Олд Трафорд“за 80 милиони фунти во 2019, признава дека не му било убаво кога бил казнет.

„Да, еднаш ме казнија, но мислам дека тоа беше претерано. Лудо е, но го оставам Немања да го прави тоа. Ставив пари каде што беше потребно. Кога се сретнуваш во вежбалната пред тренинг не ти е дозволено да го користиш телефонот, ниту кога ќе излезеш на теренот. Јас го носев телефонот, но не гледав на него. Немања ме казни за тоа. Тој е строг со сите, така што тоа е во ред. Мораме да поставуваме стандарди. Има казни за доцнење на тренинг, на состанок, на патување. Тоа се големите казни. Кога имаме меч, казните се двојни“, открива Мегваер.

Share
Scroll to Top