Мегваер ќе биде подготвен за финалето во Гдањск

Мегваер ќе биде подготвен за финалето во Гдањск

пред 3 години

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, веројатно ќе го предводи својот тим во финалниот натпревар во Лига Европа. Манчестер јунајтед за трофејот во ова натпреварување, ќе се бори со Виљареал на 26.нај во Гдањск.

Мегваер, поради повреда, пропушти неколку натпревари. Без него Јунајтед беа поразени од Лестер и Ливерпул и одиграа нерешено со Фулам.

Тој, синоќа, бил на промоцијата на филмот „Сер Алекс Фергусон: Никогаш не се откажувај“.

Тренерот Оле Гунар Солскјер се надева дека Мегваер ќе може да му помогне на тимот да го свои вториот трофеј во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“, Лига Европа ја освоија во 2017 година.

„Се надеваме дека наскоро ќе добиеме добри вести, но се зависи од Хари. Тој е нашиот лидер, многу ни недостига на теренот. Ќе добие доволно време за да реши дали ќе игра или не. Напредува, но рано е да го тестираме. Кога разговаравме ми делуваше позитивен. Мораме така да размислуваме и самиот секогаш сум оптимист“, рекол Солскјер.

Share
Scroll to Top