Челси сакаат трампа со Севилја – Зума за Кунде

Челси сакаат трампа со Севилја – Зума за Кунде

пред 3 години

Челси преговараат со Севилја за потписот на дефанзивецот на Севилја, Жил Кунде, обидувјаќи се да го донесат еден од најталентираните дефанзивци во Европа и подготвени се да го дадат Курт Зума во замена, тврди „Гол“.

22-годишниот Кунде беше дел од француската репрезентација на ЕУРО 2020 и се смета за еден од најталентираните млади европски фудбалери, а покрај тоа е подготвен да потпише за тимот на Томас Тухел. Севилја не се брза откако успеа да добие добра сума за Брајан Хил од Тотенхем.

Кунде одигра 33 меча во Ла Лига за Севилја, станувајќи стандарден првотимец по пристигнувањето од Бордо во 2019 година, а доби повик и од селекторот Дидиде Дешам.

Доколку не успеат, Челси би се фокусирале на Никлас Зиле од Баерн Минхен.

Share
Scroll to Top