Медведев е првиот финалист во Париз

Медведев е првиот финалист во Париз

пред 3 години

Руски тенисер Данил Медведев е првиот финалист на Мастерс турнирто во Париз. Во првото полу-финале, Медведев го победи Милош раониќ со 6/2, 7/6. Мечот во „Берси“ траеше еден час и 42 минути.

Медведев одигра импресивно во првиот сет, не му дозволи ниту една брејк топка на Раониќ, а на еден од најдобрите серверси во светот, два пати успеа да му го одземе сервисот.

Русинот доминираше и во вториот сет, иако во осмиот гем успеа да спаси три топки за брејк. Медведев го „брејкна“ противникот во 11 гем, акога сервираше за победа, Раониќ возврати со ри-брејк.

Сепак, Медведев сигурно го одигра тај-брејкот, го доби со 7:4 и се пласираше во финалето.

Негов противник во утрешното финале ќе биде победникот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Александер Зверев.

Share
Scroll to Top