Во сабота во Абу Даби ќе се одржи боречки срептакл во УФЦ 254 – главната борба е меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гетџи, за појасот во лесна категорија.
Конор Мекгрегор пред новата борба на Нурмагомедов се потсети на нивната пресметка во 2018 година која му припадна на Дагестанецот.
Во таа борба Ирецот изведе контроверзен потег, се обиде со колено да го удри Хабиб во око додека беше со грбот на подот. На Твитер призна дека тоа е илегално, но прекрасно.
„Да, ударот со колено во око е илегален потег од оваа позиција, но прекрасен е. Никогаш порано не е виден, како и многу други потези. Овој удар не смее да е илегален. Гледајте како ја покрива главата, ја држи скриена. Типот ме држи за рака и не ме пушта. Се освен гризење и пикање прсти во очи овде би требало да е дозволено“ смета Конор.
The knee into the eye socket was illegal yes, from this position. A beauty tho. Never before seen shot. Like many of my shots.
I use the mount defence leg as a spring board, loading the knee below it. Release and straight to the eye socket. Smashed it in! @joerogan. Hey Dana ? pic.twitter.com/qZAcbbuIHS— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 22, 2020