Тухел се брани: Сите очекуваат ПСЖ да победува со 6:0!

Тухел се брани: Сите очекуваат ПСЖ да победува со 6:0!

пред 3 години

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел одговори на критичарите на неговиот тим по поразот од Манчестер јунајтед (1:2) во Лигата на шампионите, велејќи дека не може да се очекува „светците“ да победуваат во секој меч.

ПСЖ имаше низа од пет меча без пораз која беше сопрена од Јунајтед, по што веднаш почнаа шпекулациите за иднината на Германецот и дали тој е вистинскиот тренер кој може да донесе европска слава во Париз.

„Секогаш има дискусија по фудбалски меч. Ние го даваме нашето мислење, ги анализираме мечевите, тактички и ментално. Тоа е нормално, но не сме навикнати на порази. Сите мразиме да губиме и не сакаме тоа да ни стане навика. Сериозно е кога ќе загубиш на клупата на ПСЖ и мора да реагираме веднаш. Сите очекуваат да победуваме со 6:0 во секој меч, но тоа не е возможно. Да не заборавиме дека пред Манчестер имавме пет победи“, вели Тухел.

Share
Scroll to Top