Мекени играч на годината во САД

Мекени играч на годината во САД

пред 3 години

Играчот на Јувентус, Вестон Мекени, е прогласен за фудбалер на годината во САД. 22-годишникот, во летниот преоден рок, на општо изненадување од Шелке се пресели во Јувентус.

Мекени го најде своето место кај Андреа Пирло. Тој успеа да му го земе местото на искусниот Велшанец, Арен Ремзи.

Од почетокот на сезоната, во Серија А и Лигата на шампионите, има одиграно 13 натпревари, постигнал два гола и забележал две асистенции.

Мекени, во Европа пристигна во 2016 година. Ек-играчот на Далас, играше за вториот тим на Шалке, а потоа го најде своето место во првиот тим на клубот од Гелзеркирхен.

Минатото лето Јувентус за 4,5 милиони евра го позајмија Мекени, со обврска по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.

Вестон Мекени за САД одиграл 21 натпревар, постигнал шест гола.

Share
Scroll to Top