Меккени позајмен на Лидс

Меккени позајмен на Лидс

пред 1 година

Вестон Меккени вториот дел од сезоната 2022/23 ќе ја помине како играч на Лидс јунајтед, откако премиерлигашот се согласи за позајмица на Американецот од Јувентус.

Според експертот Фабрицио Романо, Лидс ќе плати 1.2 милиони за позајмицата и ќе има опција да го купи Меккени на крајот на сезоната за 33 милиони евра. Меккени ќе ја зголеми американската „колонија“ во Лидс – таму менаџер е неговиот сонародник Џеси Марч, а меѓу играчите тука се Тајлер Адамс и Бренден Аронсон. Лидс се на 15. место во Премиерлигата и ги очекува битка за опстанок во лигата.

Меккени го напушта Јувентус, клуб во криза, како резултатска, така и финансиска откако им беа одземени 15 поени. Тој имаше 21 настап за Јуве оваа сезона со 3 гола и 2 асистенции.

Share
Scroll to Top