Мертенс: Во Неапол живеам како крал!

Мертенс: Во Неапол живеам како крал!

пред 4 години

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс вели дека „живее како крал“ во Неапол, но признава дека тронот лесно се губи, признавајќи дека размислува за иднината.

33-годишниот Белгиец е во Неапол од 2013 година и локалните фанови веќе му го дадоа најнаполитанскиот прекар „Чиро“.

„Понекогаш си мислам дека можам да играм до 40-тата година, а понекогаш си мислам да шетам низ светот додека немам деца. Кога ќе се повлечам од фудбалот ќе живеам во Белгија и ќе поминам повеќе време со семејството, но со сопругата Кат се согласивме да го заддржиме станот во Неапол. Живеам како крал таму, тоа е вистина, но тронот лесно се губи. Засега уживам во оваа бајка. Не се плашам дека популарноста ќе ми замре по пензионирањето и сигурен сум дека ќе се сеќаваат на мене“, вели Мертенс.

Share
Scroll to Top