Мерцедес остануваат без техничкиот директор Џејмс Елисон

Мерцедес остануваат без техничкиот директор Џејмс Елисон

пред 3 години

Џејмс Елисон, еден од најценетите инженери во Формула 1, оваа сезона ќе се повлече од позицијата технички директор на светските шампиони Мерцедес, кои објавија план за менување на составот на техничкиот тим за следните сезони.

Елисон ќе биде заменет од Мајк Елиот на оваа позиција, додека од 1 јули, Елисон веќе нема да го води техничкиот оддел на Мерцедес, туку ќе работи на новокреираната позиција на Главен технички офицер. Елисон пристигна во Мерцедес на почетокот на 2017 година од Ферари.

Оваа позиција ќе значи дека Елисон ќе биде одговорен за поставувањето на стратегијата под новите регулативи кои влегуваат во сила во 2021, и ќе работи со техничкиот тим во фабриката во Брекли, но и со седиштетото за развој на моторот во Бриксворт.

„Во овој спорт, тие кои се на сериозни позиции имаат рок на траење. Јас се решив на овој потег, бидејќи сметам дека е виситинско време за мене и за организацијата. Беше привилегија да се работи на оваа позиција и сега ни е потребна свежина за во иднина“, вели Елисон.

Мајк Елиот е Ф1 ветеран со 20 години искуство со Мекларен и Рено, пред да пристигне во Мерцедес како шеф на аеродинамика во 2012 година.

Share
Scroll to Top