Меси: Гвардиола и Енрике се најдобрите тренери со кои сум соработувал

Меси: Гвардиола и Енрике се најдобрите тренери со кои сум соработувал

пред 3 години

Аргентинскиот ас Лионел Меси во Барселона соработувал со 8 тренери за 15 години кариера, но издвои само двајца како кормилари од кои најмногу научил.

„Пеп Гвардиола е посебен во секоја смисла. Тој ве учи како на светот да гледате и тоа од потполно разлилен агол. Неговата подготовка на мечевите, тактиката, инструкциите кои ви ги дава – се е тоа посебно. Тој секогаш знае како ќе се одвива мечот. Навистина сум среќен што имав можност да соработувам со него. Покрај Пеп, чест е да се работи и со Луис Енрике. Тие двајца се најдобрите тренери со кои сум соработувал. Од нив нив научив многу корисни нешта и поради нив станав подобар играч, и физички и ментално“ рече Меси.

Не е исклучена можноста Гвардиола и Меси повторно да соработуваат, но не во Барселона, туку во Манчестер Сити.

Се уште не е јасна судбината на Аргентинецот по завршувањето на сезонава, дали ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе ја смени средината.

Од друга страна Гвардиола го продолжи договорот со „граѓаните“ до 2023 година и во неколку наврати изјавува дека ќе го доведе Меси во Манчестер.

Share
Scroll to Top