Меси се отвори за Левандовски: Продолжив да го дриблам намерно, неговите зборови ме вознемируваа

Меси се отвори за Левандовски: Продолжив да го дриблам намерно, неговите зборови ме вознемируваа

пред 7 месеци

Фудбалерот Лионел Меси призна дека му бил лут на Роберт Левандовски на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска на Светското првенство во Катар и дека тоа е причината поради која често барал директен двобој со него на теренот.

Аргентина со голови на тој натпревар ја победи Полска со 2:0 и се пласираше од првото место во групата Ц во осминафиналето на Светското првенство, кое на крајот го освои.  Меси и Левандовски имаа неколку тензични моменти на таа средба.

За паметење е реакцијата на Меси откако полскиот напаѓач го запре со прекршок. Левандовски веднаш се извини, но Меси одби да се ракува со него во знак на прифаќање на извинувањето. Во интервју за ESPN, тој откри што се случило.

Во позадина на се е изјавата на Меси за Левандовски од доделувањето на Златната топка во 2021 година. Наградата не беше доделена претходната година поради коронавирусот, а општиот впечаток беше дека тоа го заслужи Полјакот, кој постигна 41 гол и асистираше уште седум за Баерн на 29 натпревари таа сезона.

Една година подоцна Меси повторно ја освои, а во својот говор кажа колку му се восхитува на постигнувањето на Левандовски и истакна дека сите мислат дека Полјакот го заслужил тоа за претходната година. Меѓутоа, кога беше избрана наградата The Best, Меси не гласаше за Левандовски.

Полјакот му замери и рече дека „би сакал зборовите на Меси да биле искрени, а не шупливи“. Оттука е и нивниот меѓусебен однос на теренот за време на Светското првенство во Катар.

„Ми пречеа неговите зборови бидејќи искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут. Затоа го игнорирав и продолжив да дриблам. Тој не требаше да го каже тоа”, објасни Меси и додаде дека имаат оттогаш ги расчистиле недоразбирањата и ги поправиле односите.

Share
Scroll to Top