Меси ја предводи Аргентина, Дибала го нема на списокот

Меси ја предводи Аргентина, Дибала го нема на списокот

пред 7 месеци

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони го објави списокот на играчи за пријателските натпревари против Еквадор и Гватемала, во пресрет на Копа Америка.

На списокот на светските шампиони има 29 играчи, меѓу кои е и Лионел Меси, но го нема Пауло Дибала кој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во 2022 година.

Аргентина ќе игра со Еквадор на 9 јуни во Чикаго, додека пет дена подоцна ќе се соочи со Гватемала во Ландовер, Мериленд.

Фудбалерите на Аргентина ќе го започнат натпреварувањето на Копа Америка на 20 јуни против Канада. Во групата А се и Чиле и Перу.

Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Франко Армани (Ривер Плата), Херонимо Рули (Ајакс);

Одбрана: Гонзало Монтиел (Нотингем Форест), Нахуел Молина (Атлетико Мадрид), Леонардо Балерди (Марсеј), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Херман Пецела (Бетис), Лукас Мартинез Кварта (Фиорентина), Николас Отаменди (Бенфика), Лисандро Мартинез (Манчестер Јунајтед), Маркос Акуња (Севилја), Николас Таљафико (Лион), Валентин Барко (Брајтон);

Среден ред: Гвидо Родригез (Бетис), Леандро Паредес (Рома), Алексис Мекалистер (Ливерпул), Родриго де Пол (Атлетико Мадрид), Езекиел Паласиос (Баер Леверкузен), Енцо Фернандес (Челзи), Џовани Ло Селсо (Тотенхем), Анхел ди Марија (Бенфика), Валентин Карбони (Монца);

Напад: Лионел Меси (Интер Мајами), Анхел Кореа (Атлетико Мадрид), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Николас Гонзалес (Фиорентина), Лаутаро Мартинез (Интер), Хулијан Алварез (Манчестер Сити).

Share
Scroll to Top