Месут Озил „социјално дистанциран“ на фотографијата на Арсенал

Месут Озил „социјално дистанциран“ на фотографијата на Арсенал

пред 4 години

И покрај тоа што нема играно за Арсенал повеќе од осум месеци и не беше вклучен во тимовите за Премиер лигата и Лига Европа на „топчиите“, Месут Озил е присутен на „социјално дистанцираната“ фотографија на клубот на која тренерот Микел Артета е зад трофеите од ФА купот и Комјунити шилд.

32-годишниот Озил останува најплатениот фудбалер на премиерлигашот со 350.000 фунти неделно, иако нема играно од 7 март по конфликтот со Артета, наводно поради неговите коментари за правата на Ујгурите во Кина. Тој беше поставен во позадината на фотографијата, како клубот да сакаше да прати порака.

Поранешниот германски репрезентативец останува активен на социјалните мрежи, како вчера кога по 6:0 поразот на Германија од Шпанија, го повика селекторот Јоаким Лев да го врати во составот Џером Боатенг.

Share
Scroll to Top