Механичарите го „спасиле“ болидот на Ботас

Механичарите го „спасиле“ болидот на Ботас

пред 4 години

Мерцедес успеале да го спасат болидот на Валтери Ботас и тој во него ќе ја вози Големата награда на Португалија. Ботас, на трката во Имола, имаше жесток контакт со Џорџ Расел од Вилијамс, по кој двајцата од своите болиди излегоа неповредени.

Расел за инцидентот го обвини Финецот. Возачот на Вилијамс најпрвин тврдеше дека Ботас направил непотребен маневар. Веднаш по инцидентот, Расел го удри Ботас по кацигата, а Финецот му возврати со покажувањето на средниот прст.

Џорџ Расел, кој инаку е возач на Мерцедес, наредниот ден, веројатно притиснат од тимот, му се извини на Ботас за инцидентот.

Во Мерцедес сметаа дека болидот е премногу оштетен и дека е изгубен за остатокот од сезоната. Сепак, механичарите, успеале да го поправат и Ботас во него ќе ја вози трката во Портимао.

„Мислиме дека се функционира. Одговорот ќе го добиеме на патеката“, соопштија од Мерцедес.

Траката за Големата награда на Португалија ќе се вози на 2.мај.

 

Share
Scroll to Top