Мидлтон го реши победникот – Милвоки славеа против Далас

Мидлтон го реши победникот – Милвоки славеа против Далас

пред 3 години

Милвоки Бакс забележаа победа над Далас Маверикс 112:109, во дербито на вечерта, во НБА лигата. Блескаа првите ѕвезди на двата тима, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ, но мечот го реши Крис Мидлтон, кој во финишот погоди две тројки и реализираше две слободни фрлања.

Милвоки имаа предност од седум поени по првиот период, во вториот ја достигнаа највисоката разлика од 14 поени, а на полувреме негативата на Далас изнесуваше осум коша.

Далас се вратија во третиот период, се доближија на поен негатива, но Бакс со серија од осум коша, повторно се одлепија. На две минути до крајот Далас, благодарени на Дончиќ и Коли-Стајн, успеаја да стигнат до водство 103:105, но тогаш на сцена стапи Мидлтон кој постигна осум поени во низа.

На крајот Брук Лопез погоди едно од двете слободни, а Далас не успаја да постигнат тројка за продолжение.

Адетокумбо мечот го заврши со 31 поен и 9 скока, Мидлтон имаше 25 поени, 8 скока и 6 асистенции, а Лопез забележа по 11 поени и скокови.

Дончиќ го предводеше Далас со 28 поени, 9 скока и 13 асистенции.



Резултати:

Бостон-Орландо 120:97
Кливленд-Њујорк 106:103
Оклахома-Чикаго 127:125
Јута-Атланта 112:96
ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто-ЛА Клиперс 100:138

Share
Scroll to Top