Милан на лето би можел да се раздели еден од капитените на тимот, Тео Ернандез. Новинарот Матео Морето, тврди дека Милан нема да одбие понуда меѓу 70 и 80.000.000 евра.
Според некои информации, за 26-годишниот Французин се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата и Саудиска Арабија.
Договорот на Ернандез со Милан е до летото 2026 година и клубот има намера да му понуди продолжување.
Дефанзивецот игра за Милан од 2019 година, кога дојде од Реал Мадрид. Претходно играше за Атлетико и Алавес.