Милевски: Трите победи на стартот доволно зборуваат за силата на Ерменија

Милевски: Трите победи на стартот доволно зборуваат за силата на Ерменија

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре, го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. Противник на Македонија ќе биде селекцијата на Ерменија.

Македонија против Ерменија започнува една нова ера, по Европското првенство клупата ја напушти селекторот Игор Ангеловски, а од националниот тим се простија Пандев, Велковски и Тричковски..

Против Ерменците, како селектор ќе дебитира Благоја Милевски.

„ Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли. Периодот е специфичен, многу од фудбалерите се уште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука. За сите тактички работи не би зборувал, сите конкурираат за првите единаесет, исто како и за формацијата во која ќе настапиме. Ерменија е доста квалитетен тим, се гледа одличната работа на селекторот. Против Шведска и Хрватска одиграа одлични контролни натпревари, имаат три победи во групата и тоа доволно зборува за силата на противникот“, рече селекторот Милевски.

Натпреварот Македонија-Ерменија ќе започне во 20:45. Во истиот термин ќе се одиграат и преостанатите две средби во групата: Лихтенштајн-Германија и Исланд-Романија.

Извор/ffm.mk

Share
Scroll to Top