Милер и Баерн имаат план за Мбапе: Нема да има забава во Минхен

Милер и Баерн имаат план за Мбапе: Нема да има забава во Минхен

пред 2 години

Томас Милер го предупреди Килијан Мбпе дека „нема да му биде забавно во Минхен“, пред ревашнот во осминафиналето на Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен.

Францускиот гигант гостува на „Алијанц арената“ во среда со негатива од 0:1 од првиот меч во кој Мбапе, поради проблемите со повредите направи хаос во последните дваесетина минути, но не успеа да постигне израмнувачки гол. Мбапе изјавуваше дека ќе одат во Германија по победа и четврт-финале, но Милер вели дека ако го исполнат својот тактички план, Мбапе нема да се „забавува“.

„Килијан, според својот профил, секогаш претставува опасност. Тој е играч кој постигнува најмногу голови за ПСЖ и мораме да размислуваме како да го сопреме. Но, фудбалот е тимски спорт и не се работи за сопирање на еден фудбалер. Мораме да го намалиме нивниот среден ред и да бидеме храбри да одиме еден-на-еден со него. Ако го помине првиот фудбалер, ќе има уште еден до него. Целиот свет сака да го гледа како игра фудбал, но утре нема да сакаме да гледаме, туку да го исполниме планот и да нема забава“, вели Милер.

Share
Scroll to Top