Милик го напушта Наполи, се сели во Мадрид

Милик го напушта Наполи, се сели во Мадрид

пред 3 години

Аркадијуш Милик, во јануарскиот преоден рок, ќе го напушти Наполи. Полскиот репрезентативец, поради несогласувањата со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис и тренерот Џенаро Гатузо, не е пријавен за настап во ниту едно натпреварување, во првиот дел од сезоната.

Милик има договор со Наполи до крајот на сезоната. Во летниот преоден рок траеше трансфер-сагата, на крајот Полјакот одби да се пресели во Рома, со што му го уништи трансферот на Един Џеко во Јувентус.

Медиумите тврдат дека Милик вече има нов клуб. Според нив Полјакот од јануари ќе биде играч на Атлетико Мадрид. За да се случи тоа Атлетико ќе треба да го напушти Диего Коста.

Покрај Атлетико, се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани Евертон и Тотенхем.

Share
Scroll to Top