Милосављев ги предводеше Фуксе Берлин до титулата од Европската лига

Милосављев ги предводеше Фуксе Берлин до титулата од Европската лига

пред 11 месеци

Популарните „лисици“, Фуксе Берлин по третпат се шампиони од Европската лига на ЕХФ, откако во Флензбург со 36:31 (16:12) го совладаа шпанскиот клуб БМ Гранолјерс. Бронзата отиде кај Гепинген, кои со 33:29 (16:17) беа подобри од Монпелје во мечот за трето место.

Клубот од Берлин веќе триумфираше во ова натпреварувае во 2015 и 2018, но ова е прва титула за тимот под водство на тренерот Јарон Сиверт и спортскиот директор Штефан Кречмар.

Лидери на Фуксе беа Ласе Андерсон, кој даде осум гола, како и поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев, кој имаше 13 одбрани за да го сопре нападот на шпанскиот тим.

Share
Scroll to Top