Мицевски од Вардар се сели во Бања Лука

Мицевски од Вардар се сели во Бања Лука

пред 4 години

Фудбалерот на Вардар Дарко Мицевски, во овој преоден рок, ќе се пресели во редовите на Борац од Бања Лука.

Порталот „sportsport.ba“, пишува дека двете страни биле блиску до постигнување на договор и дека трансферот наскоро ќе биде официјализиран.

Мицевски во есенскиот дел од сезоната, за Вардар, постигнал три гола и забележал три асистенции.

Во кариерата, Мицевски, играл за Ал Нејмех, Минск, Нови Пазар, ОФГ Београд, Тетекс, Слобода од Ужице и Работнички.

Борац, првиот дел од сезоната во БиХ, го заврши на петтото место со 32 бода, 13 помалку од лидерот Сараево.

Share
Scroll to Top