Вечерва во 20:45 часот, Србија ќе игра против Чешка на подготвителниот кошаркарски турнир Суперкуп во Минхен. Ден потоа, српската репрезентација ќе игра против победникот или поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Турција.
„Германија го освои првенството тука во 1993 година. Јас живеам во Минхен, во близина на новата, прекрасна сала, можеби најдобрата во Европа. Минхен е, можам да кажам, мојот град. Сега сум повеќе во Србија од познати причини, но кога ми треба мир, тогаш доаѓам тука“, рече српскиот селектор Светислав Кари Пешиќ.
Поради повреди, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ не отпатуваа во Германија, а најголемата мистерија за селекторот е состојбата на Василије Мициќ.
„Не е сјајно. Смаилагиќ и Трифуновиќ сè уште не се подготвени за тренинг. Се обидуваме со Васа да го вратиме, но не оди според планот, како што предвидовме. Васа се обидува, се обидува малку, но сè уште е чувствува болка. Ќе видиме, во следните неколку дена ќе мора полека да носиме одлуки, но главно останатите играчи се добро.
Продолжуваме да тренираме, да работиме. Секако, сме загрижени за овие повреди. Морам искрено да кажам, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е.“
Мициќ е долгогодишен член на националниот тим. Својата кариера ја изгради во Европа, а најголемиот успех го постигна со Анадолу Ефес, со кого ја освои Евролигата во 2021 и 2022 година, заедно со наградите за најкорисен играч во сезоната и Фајнал Фор во 2021 година.
После тоа, се пресели во НБА. Откако настапи за Оклахома Сити Тандер, Шарлот Хорнетс и Феникс Санс, се врати во Европа, во израелскиот Хапоел.