Ми се јави Берлускони и ми кажа: Сине, дојди си дома

Ми се јави Берлускони и ми кажа: Сине, дојди си дома

пред 3 години

Кевин Принс Боатенг е еден од најголемите фудбалски „патници“ со неверојатни трансфери, и сега вели дека се чувствува горд како фудбалер на италијанскиот второлигаш Монца

„Не можев да им кажам не на Адријано Галијани и Силвио Берлускони. Тие помогнаа да станам маж и затоа не ја одбив понудата. Ми се јави Берлускони и ми кажа: ‘Сине, дојди си дома’. Немаше што друго да се каже. Мојата кариера е полна со шокантни одлуки. Пред година и пол играв за Барселона, сега сум во Серија Б. Можев да одам и во САД, но сакав да останам среќен. Во Монца има големи очекувања“, вели Боатенг во интервју за весникот „Кориере дела сера“.

33-годишниот Боатенг сега е соиграч со Марио Балотели, а воодушевен е и од својот поранешен соиграч, Златан Ибрахимовиќ.

„Марио ми е како брат! Му беше потребна голема мотивација и сега чекаме уште еднаш да докаже каков фудбалер е. Среќен сум и за Милан, бидејќи се врати ентузијазмот кај навивачите, откако премногу се зборуваше за оној другиот милански клуб. Од Ибра не сум изненаден, бидејќи од него ја научив желбата за победа. Никогаш не е задоволен. Кога ќе утнеше едно додавање на тренинг врескаше: Златааан, така што можете да замислите што им правеше на другите фудбалери“, изјави Боатенг.

Share
Scroll to Top