ММА фајтерка не забележа дека има страшна повреда на раката (вознемирувачки)

ММА фајтерка не забележа дека има страшна повреда на раката (вознемирувачки)

пред 3 години

Бразилската ММА фајтерка Сиди Роча во текот на викендот на СТФ промоцијата во Сао Пауло имаше страшна повреда на левата рака откако беше „фатена“ во клинч од својата противничка Карине Силва и зачудувачки не ја забележи повредата додека не интервенираше судијата.

Роча беше фатена со раката од нејзината 26-годишна противничка и се обидуваше да се извлече добивајќи страшна повреда на раката, и неверојатно поради адреналинот не забележа дека е повредена.

Според бразилските медиуми таа веднаш добила медицинска помош и ќе мора да оди на операција.

Share
Scroll to Top