Модесте ќе биде замената за Але во Борусија Дортмунд

Модесте ќе биде замената за Але во Борусија Дортмунд

пред 2 години

Францускиот напаѓач Aнтони Модесте доаѓа во Борусија Дортмунд и ќе биде замена за Себастиен Але. Напаѓачот на Келн ќе потпише едногодишен договор со „милионерите“.

Ланската сезона Модесте ја мина на позајмица во Сент Етјен, но претходно има големо искуство во Бундеслигата, во Келн и во Хофенхајм.

Раководството на Борусија Дортмунд мораше да реагира и да доведе нов напаѓач откако на Себастиен Але му беше дијагностициран канцер на тестисите. Тој правеше операција, а сега ќе мора да мине и низ процес на хемотерапија.

Share
Scroll to Top