Модриќ: Мурињо е тежок карактер, Анчелоти е спектакуларен

Модриќ: Мурињо е тежок карактер, Анчелоти е спектакуларен

пред 4 години

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, во интервју за „Марка“ меѓудругото говорел и за своите пранешни тренери: Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Рафа Бенитез.

Модриќ во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем. Тогашниот тренер Мурињо инсистираше на неговиот трансфер.

„„Мурињо беше клучен за мојот трансфер во Мадрид. Штета што соработувавме само една година, бидејќи тој е одличен тренер, неговата кариера зборува доволно за него. Секогаш ќе му бидам благодарен. Има тежок карактер, но секогаш е искрен, мене тоа ми се допаѓа“, рекол Модирќ.

За Анчелоти…

„Анчелоти е спектакуларен тренер, а како личност е уште подобар. Со него имавме две успешни сезони, ја освоивме Лигата на шампионите, го освоивме Купот, игравме убав фудбал. Добро се согласувавме, често разговаравме“.

За Бенитез.

„Бенитез е добар тренер, но во Реал немаше среќа. Фудбалот некогаш не е фер, не се сите добри тренери успешни во секоја екипа. Никогаш немав проблеми со него“, заклучил Модирќ.

Share
Scroll to Top