Елиминацијата на Гаел Монфилс е првото големо изненадување на Австралија опен. Десеттиот носител, во првото коло, е поразен од Финецот Емил Русувори со 3/6, 6/4, 7/5, 3/6, 6/3.
„Би сакал да можам да избегам од овој кошмар, но не можам. Лошо играм, не можам форхенд да погодам, лошо сервирам, стојам шест метри зад основната линија и немам самодоверба. Имајте милост во вашите оценки, се чувствувам како да сум легнат на земја, а вие продолжувате да ме удирате. Тренирам напорно, но не оди. Мајка ми вели да продолжам да тренирам и дека се ќе се врати на свое место“, им изјавил Монфилс на француските новинари и потоа со солзи во очите ја напуштил прес-конференцијата.
Gael Monfils, who lost in 5 to Ruusuvuori: “I would like to get out of this nightmare but I can’t.”
(via @QuentinMoynet)pic.twitter.com/BEkzQobMLu
— Reem Abulleil (@ReemAbulleil) February 8, 2021