Мората за триумф на Атлетико кај Џирона во 91. минута!

Мората за триумф на Атлетико кај Џирона во 91. минута!

пред 1 година

Бидејќи во првото полувреме пропуштија повеќе шанси на Атлетико Мадрид им беше потребен гол во 91. минута на Алваро Мората за да стигнат до тешка 1:0 победа на гости кај оваа сезона незгодната Џирона.

Кога се веруваше дека домаќините успеале да изборат поен и уште еден добар резултат против силен противник, по еден корнер, Мората ја заби топката во голот, за осми меч без пораз на тимот на Диего Симеоне.

„Рохибланкос“ остануваат на третото место на табелата со 48 поени, осум зад Реал Мадрид, но и три пред Реал Сосиедад. Џирона се на 12. место со 30 освоени поени.

Share
Scroll to Top