Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, смета дека Рома мора да се смета за голем фаворит за скудетото оваа сезона под Жозе Мурињо, иако португалскиот тренер ќе одбие да го признае тоа.
Морати добро го познава „Специјалниот“, бидејќи тој го донесе Мурињо во Интер и тој врати со славната тројна титула во 2009/10, по што замина од Серија А. Рома има совршен старт под Мурињо – со четири победи во четири меча (два во Серија А и два во Конферениската лига на УЕФА), и Морати смета дека Португалецот ќе оди на титула.
„Секако, го следам натпреварувањето со големо внимание. Мурињо го врати натпреварувањето во Италија со добриот старт. Серија А сега има уште еден тим кој ќе оди на скудето, тоа е Рома. Знам дека Мурињо не сака да се бори за трето место. Жозе нема да го признае тоа, но верувајте тоа му е целта“, вели Морати.