Морбидели е среќен – во новата сезона ќе вози подобрена Јамаха

Морбидели е среќен – во новата сезона ќе вози подобрена Јамаха

пред 4 години

Светскиот вицешампион во Мото ГП, Франко Морбидели е благодарен на Јамаха што во новата сезона која започнува на 28. овој со трката за Големата награда на Катар ќе вози поквалитетен мотор за разлика од минатата сезона.

Тој е презадоволен од тестирањата и очекува и во новата сезона да се бори за висок пласман.

„Морам да им се заблагодарам во Јамаха затоа што имаа подобрувања кои јас не ги очекував. Тоа многу ме изненади. Целиот пакет е подобрен, а во овој свет мораш да одиш напред. Веќе се чувствуваат подобрувањата, кои ќе ни овозможат да сме на нивото од минатата сезона“ – нагласи Италијанецот кој има бразилско потекло.

На Морбидели партнер и ментор и оваа сезона ќе му биде легендарниот Валентино Роси.

Share
Scroll to Top