Лошата низа на настапи на Ф4 натпреварувањата во СЕХА лигата на Мешков Брест продолжи, откако белорускиот клуб беше декласиран со 31:20 (11:11) од страна на дебитантот на натпреварувањето, Мотор Запорожје во борбата за третото место.
Поразот доаѓа откако Мешков загуби во драматичното полуфинале на пенали од ППД Загреб, кои подоцна играат со Веспрем во големото финале.
Откако во првото полувреме, двата клуба беа израмнети, средината на второто полувреме беше катастрофално за белорускиот клуб, и Мотор стигна до убедлива победа.