Мотоциклист предвреме тргна да ја слави победата, па зажали!

Мотоциклист предвреме тргна да ја слави победата, па зажали!

пред 3 години

Бразилскиот мотоциклист Андре Верисимо на неверојатен начин загуби добиена трка на „Супербајк Бразил“.

Откако го помина последниот свиок и се приближи кон стартно-целната рамнина, Верисимо се сврте да провери до каде се неговите конкуренти. Кога виде дека нема никој, стана од седиштето и со подигнати раце почна да ја слави победата.

Сепак, лошо ја процени брзината на колегите кои забрзаа кон целта и стигнаа пред него.

Не еден, тука двајца мотоциклисти завршија пред него на крајот на трката – Освалдо Филх и Марсел Скаф.

Позитивното за Верисимо беше тоа што ова беше последната сезонска трка во првенството на Бразил, а третото место му беше доволно за да биде севкупен победник во класата „Ево“.

Share
Scroll to Top