Муратоглу: Ѓоковиќ понекогаш се „преправа“ дека се предава

Муратоглу: Ѓоковиќ понекогаш се „преправа“ дека се предава

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ е во четврт-финалето на Австралија опен и покрај тоа што „влече“ повреда на стомачните мускули, и славниот тренер на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу вели дека не верува дека тој „лажира“ повреди, но додава дека понекогаш се преправа дека се предава кога има проблеми во еден меч.

„За Новак, повредата е потешка од таа на Надал, бидејќи кога се работи за стомачни мускули, тие ги користите секој удар. Многу тенисери играат со малку болка, бидејќи тоа го трга притисокот. Сега, зборуваме за шампиони, кои никогаш не бегаат од притисок, туку го прифаќаат. Понекогаш во текот на мечевите, Новак се игра малку со умот на противникот кога има проблеми, преправајќи се дека се предава. И потоа, бум, повторно игра. Тој го правеше тоа многу пати во минатото, но никогаш не лажирал повреда“, вели Муратоглу.

Share
Scroll to Top