Мурињо: Бејл наскоро ќе лета!

Мурињо: Бејл наскоро ќе лета!

пред 3 години

Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо вели дека Герет Бејл е се поблиску до својата идеална форма и се надева дека Велшанецот „ќе лета“ вечерва против Антверпен во Лига Европа.

Португалскиот стратег смета дека Бејл ќе биде во стартниот состав, а за фудбалерот ова ќе е втор меч во првите 11 откако беше стартер во триумфот против ЛАСК.

„Бејл игра и сите имаме, не само чувство, туку и податок кој покажува дека доаѓа. Работи многу, сјаен пример е за сите. Неговото однесување како момче за тимот е неверојатно, неговото однесување во Тотенхем е извонредно“ смета Мурињо.

Португалецот очекува уште вечерва да го види „стариот“ Бејл, на добро ниво.

Мечот на Тотенхем против Антверпен започнува во 18.55. Белгискиот тим има три бода од првото коло во групата, по гостинскиот триумф кај Лудогорец во Бугарија.

Share
Scroll to Top