Мурињо во свој стил испратил порака до Клоп и Гвардиола

Мурињо во свој стил испратил порака до Клоп и Гвардиола

пред 3 години

Тотенхем од лидерската позиција на табелата ќе влезе во дербито на северен Лондон, против Арсенал. Во пресрет на дербито (недела, 17.30 часот), менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, им испрати порака на големите ривали Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Менаџерите на Ливерпул и Манчестер сити постојано се незадоволни од густиот распоред и одбивањето на премиер лигата да го врати правилото за пет измени.

Врвните англиски тимови, од почетокот на сезоната, играат на секои три или четири дена. Клоп за густиот распоред ги обвини носителите на телевизиските права. Незадоволството на Клоп го дели и неговиот колега Гвардиола.

Мурињо, од друга страна, истакнал дека Клоп и Гвардиола не биле толку гласни кога неговиот тим, на почетокот од сезоната, во 18 дена одиграл осум натпревари.

„Во еден момент одигравме четири натпревари во една недела, тогаш не слушнав дека некој плаче, ниту пак дека некој ни даде поддршка. Сега моите колеги се многу гласни кога станува збор за овој проблем“, рекол Мурињо.

Share
Scroll to Top