Мурињо го сака и Митровиќ во Рома?

Мурињо го сака и Митровиќ во Рома?

пред 3 години

Новиот тренер на Рома, Португалецот Жозе Мурињо ќе се обиде летово во Рим да го доведе српскиот репрезентативен напаѓач, Александар Митровиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Според информациите, најдобриот стрелец во историјата на селекцијата на Србија најверојатно по крајот на сезонава ќе го напушти Лондон затоа што неговиот актуелен клуб, Фулам повторно се сели во Чемпионшип, а голгетерот шанса за настап добива најчесто од клупата за резерви.

Неговата цена на фудбалскиот пазар е околу 18 милиони евра.

За Мурињо не му е непознаница да работи со српски фудбалери – Дејан Станковиќ во Интер, Бранислав Ивановиќ во Челси и со Немања Матиќ во Челси и во Манчестер Јунајтед.

Share
Scroll to Top