Мурињо жали за инцидентот со Тито Виланова, но не и за критиките кон Барса

Мурињо жали за инцидентот со Тито Виланова, но не и за критиките кон Барса

пред 3 години

Жозе Мурињо во својата нова автобиографија зборува дека се обидува секогаш да биде искрен со своите фудбалери, со своите ривали и со новинарите, но признава дека има работи за кои жали што ги направил.

Една од работите кои тој би ги избришал, секако е инцидентот од шпанскиот Суперкуп во 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид и (не)славно му пикна прст во око на тогаш новиот тренер на Барселона, Тито Виланова.

„Тука работите беа целосно моја вина, не требаше да го направам тоа што го направив. Таа негативна ситуација ќе остане засекогаш. Тито не беше виновен за ишто, и навистина ми е жал“, пишува Мурињо во автобиографијата.

Виланова, веќе следната година се повлече од тренерската позиција во Барселона, за во 2014 година да почине на само 45 години од рак.

Сепак, Мурињо нема љубов кон стилот на игра на Барселона ниту тогаш, ниту било кога.

„Барселона играше добро, но беа уште подобри во менталното потценување на ривалите и манипулирањето на одлуките и перцепцијата во јавноста“, објаснува Португалецот.



Share
Scroll to Top